makedonskakamenica.gov.mk - Општина Македонска Каменица - Општина Македонска Каменица

Description: Abbout Makedonska Kamenica, Municipality of Makedonska Kamenica, За општина Македонска Каменица

Example domain paragraphs

Општината Македонска Каменица се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија во подножјето на Осоговскиот масив. На исток граничи со општина Делчево, на југ со општина Виница на запад со општина Кочани а на север со општина Крива Паланка и државната граница со Република Бугарија. Зафаќа вкупна површина од 189 км 2 .

Географската положба на Македонска Каменица е добра, бидејќи преку неа поминува патот што ги поврзува источните со централните делови на републиката. Тука поминува трансверзалната патна линија што се одвојува кај Велес и преку Штип, Кочани и Македонска Каменица продолжува кон Делчево и преминот кај Македонско – Бугарската граница.

Според географската положба, климата во Македонска Каменица е особено пријатна со умерени температурни разлики и врнежи. Климата во повисокиот дел е изразито планинска и се одликува со долги и снежни зими и куси свежи лета. Македонска Каменица е со надморска височина од 520м. Средна годишна температура од 11 степени Целзиусови. Во Македонска Каменица и околината ретко се задржуваат снежните покривки. Најтопли се летните денови, посебно август, а најстудени се во јануари. Пролетта е постудена од есента. Врне

Links to makedonskakamenica.gov.mk (5)